Nokia 7610 Supernova - Музичко мени

background image

Музичко мени

Пристапете до вашите музички и видео датотеки зачувани во телефонската

меморија или на мемориската картичка, преземајте музички или видео клипови од

веб или гледајте компатибилни видео текови од мрежен сервер (мрежна услуга).
За да слушате музика или гледате видео клип, изберете датотека од Плејлисти,

Изведувачи, Албуми или Жанрови, па изберете Плеј.
За да преземате датотеки од веб, изберете Опции > Даунлоади и локација на

преземање.
За да ја ажурирате музичката библиотека откако сте додале датотеки, изберете

Опции > Обнов. библи..

Media

© 2008 Nokia. Сите права се задржани.

43

background image

Креирање листа на песни

За да креирате листа на песни со ваш избор на музика, направете го следново:
1. Изберете Плејлисти > Креирај плејлиста и внесете го името на листата на

песни.

2. Додајте музички или видео клипови од прикажаните листи.
3. Изберете Заврши за да ја зачувате листата на песни.

Конфигурирање стриминг услуга

Можете да ги добиете стриминг поставките како конфигурациска порака од

добавувачот на услуги.

Видете "Услуга за конфигурациски поставки" стр. 9.

Поставките можете и рачно да ги внесете.

Видете "Конфигурација" стр. 38.

За да ги активирате поставките, направете го следново:
1. Изберете Опции > Даунлоади > Прилаг. за стриминг > Конфигурација.
2. Изберете добавувач на услуги, Стандардно или Лични прилагод. за стриминг.
3. Изберете Сметка и сметка за стриминг услуга од поставките на активната

конфигурација.