Nokia 7610 Supernova - Враќање на фабрички поставки

background image

Враќање на фабрички поставки

За да го вратите телефонот во фабричка состојба, изберете Мени >

Прилагодувања > Врати на фа. пр. и од следниве опции:
Само враќ. на прил. — за да ги ресетирате сите прилагодени поставки без

бришење на лични податоци

Поставки

© 2008 Nokia. Сите права се задржани.

40

background image

Поврати ги сите — за да ги ресетирате сите прилагодени поставки и избришете

сите лични податоци, како што се контакти, пораки, медиумски датотеки и

клучеви за активирање

11. Мени на операторот

Пристап до портал за услуги што ги овозможува вашиот мрежен оператор. За

повеќе информации, контактирајте со вашиот мрежен оператор. Операторот може

да го ажурира ова мени со услужна порака.

12. Галерија

Управувајте со слики, видео клипови, музички датотеки, теми, графика, тонови,

снимки и примени датотеки. Овие датотеки се сместени во телефонската меморија

или во мемориска картичка и може да бидат подредени во фолдери.

Фолдери и датотеки

За да ја видите листата на фолдери, изберете Мени > Галерија. За да ја видите

листата на датотеки во некој фолдер, изберете фолдер и Отвори. За да ги видите

фолдерите на мемориската картичка кога преместувате датотека, дојдете до

мемориската картичка и притиснете го копчето за движење надесно.

Печатење слики

Вашиот телефон поддржува Nokia XpressPrint за да печатите слики кои се во jpeg

форматот.
1. За да го поврзете вашиот телефон на компатибилен принтер, користете

податочен кабел или пратете ја сликата преку Bluetooth до принтер кој

поддржува Bluetooth технологија.

Видете "Bluetooth безжична

технологија" стр. 32.

2. Изберете ја сликата која сакате да ја печатите и Опции > Печати.

Мемориска картичка

Користете мемориска картичка за да ги чувате вашите мултимедијални датотеки,

како видео клипови, музички нумери, звучни датотеки, слики и податоци од

пораки.
Некои од фолдерите во Галерија со содржината која телефонот ја користи (на

пример, Теми) можат да бидат сместени на мемориската картичка.

Форматирање на мемориската картичка

Некои понудени мемориски картички се преформатирани; други, бараат

форматирање. Кога форматирате мемориска картичка, сите податоци на

картичката се трајно загубени.