Nokia 7610 Supernova - Гласовно бирање

background image

Гласовно бирање

Направете телефонски повик изговорувајќи го името што е снимено во Контакти.
Бидејќи гласовните команди зависат од јазикот, пред гласовното бирање, морате

да изберете Мени > Прилагодувања > Телефон > Прилаг. на јазик > Јазик

за препознав. и вашиот јазик.

Забелешка: Користењето на гласовни ознаки може да биде тешко во бучно

опкружување или за време на итен случај, затоа не можете да се потпрете

исклучиво на гласовно бирање во сите околности.
1. Во режимот на чекање, притиснете и држете го десното изборно копче или

копчето за потивко. Се огласува краток тон и прикажано е Зборувај сега.

2. Изговорете го името на контактот кој сакате да го повикате. Ако

препознавањето на гласот е успешно, прикажана е соодветна листа. Телефонот

ја репродуцира гласовната команда на првото совпаѓање на листата. Ако тоа

не е точната команда, појдете на друг запис.