Nokia 7610 Supernova - Предвидливо внесување текст

background image

Предвидливо внесување текст

Предвидливото внесување на текст е базирано на вграден речник на кој исто така

можете да му додавате нови зборови.
1. Почнете да пишувате збор, користејќи ги копчињата 2 до 9. Притиснете го секое

копче само еднаш за една буква.

2. За да потврдите збор, движете надесно или додадете празно место.

● Ако зборот не е точен, притискајте * и изберете го зборот од листата.
● Ако после зборот е прикажан знакот ?, зборот кој сте имале намера да го

напишете не постои во речникот. За да го додадете зборот во речникот,

изберете Спелувај. Внесете го зборот користејќи традиционално внесување

на текст и изберете Зачувај.

● За да напишете сложени зборови, внесете го првиот дел од зборот и движете

надесно за да го потврдите. Напишете го последниот дел од зборот и

потврдете го зборот.

3. Почнете да го пишувате следниот збор.

5. Пораки

Можете да читате, пишувате, испраќате и зачувувате текст и мултимедиа поркаи,

e-mail, аудио и флеш пораки. Услугата за пораки може само да се користи ако се

поддржани од мрежата или обезбедувачот на услуги.

Текстуални и мултимедијални пораки

Можете да креирате порака и да приложите по ваша желба, на пример, слика. Кога

е приложена датотека, вашиот телефон автоматски ја менува текстуалната во

мултимедијална порака.

Текстуални пораки

Вашиот уред поддржува текстуални пораки над ограничувањето за една порака.

Подолгите пораки се испраќаат како две или повеќе пораки. Вашиот обезбедувач

на услуги може да изврши наплата соодветно. Карактерите со акценти или други

знаци, и карактерите од некои јазични опции, заземаат повеќе простор, и го

ограничуваат бројот на карактери кои може да бидат испратени во една порака.
Индикатор на врвот од екранот го покажува вкупниот број на преостанати знаци

и бројот на пораки потребни за праќање.
Пред да можете да испратите текстуални или SMS e-mail пораки, мора да го снимите

бројот на вашиот центар за пораки. Изберете Мени > Пораки > Прилаг. за

пор. > Текст пораки > Центри за пораки > Додај центар, внесете име и бројот

од добавувачот на услуги.