Преземање мапи
Вашиот телефон може да содржи претходно инсталирани мапи во мемориската
картичка. Можете да преземете нов сет на мапи преку интернет користејќи го
компјутерскиот софтвер Nokia Map Loader.
Nokia Map Loader
За да го преземете Nokia Map Loader на вашиот компјутер и за понатамошни
инструкции, видете на www.maps.nokia.com.
Пред да преземете нови мапи за првпат, уверете се дека во телефонот е вметната
мемориска картичка.
Изберете Мени > Организатор > Мапи за да направите почетна конфигурација.
За да ја смените збирката од мапи во вашата мемориска картичка, користете го
Nokia Map Loader за да ги избришете сите мапи во мемориската картичка и да
преземете нова збирка, за да се уверите дека сите мапи се од истото издание.
Мрежна услуга за мапи
Можете да го поставите вашиот телефон автоматски да презема мапи што ги
немате во вашиот телефон кога е потребно.
Изберете Мени > Организатор > Мапи > Прилагодувања > Мрежни
прилагоду. > Дозв. мреж. употре. > Да или Во дом. мрежа.
За да спречите автоматско преземање мапи, изберете Не.
Даунлоадирањето мапи може да вклучи пренос на огромни количини на податоци
преку мрежата на Вашиот обезбедувач на услуги. Контактирајте го Вашиот
обезбедувач на услуги во врска со наплаќањето за преносот на податоци.