Nokia 7610 Supernova - Мапи и GPS

background image

Мапи и GPS

Можете да го користите глобалниот позиционен систем (GPS) за поддршка на

апликацијата Мапи. Пронајдете ја вашата локација или измерете го растојанието

и координатите.
Пред да можете да ја користите GPS функцијата со вашиот телефон, морате да го

спарите вашиот телефон со компатибилен надворешен GPS приемник користејќи

Bluetooth безжична технологија. За повеќе информации, видете во упатството за

вашиот GPS уред.
После спарување на Bluetooth GPS уредот со телефонот, може да поминат неколку

минути за телефонот да ја прикаже тековната локација. Следните врски треба да

бидат побрзи, но ако не сте го користеле GPS неколку денови или сте многу далеку

Организатор

© 2008 Nokia. Сите права се задржани.

48

background image

од последното место што го користевте, можат да поминат неколку минути за да

се открие и прикаже вашата локација.
Глобалниот систем за позиционирање(GPS) е управуван од Владата на Соединетите

Држави, која е единствено одговорна за точноста и одржувањето на системот. На

точноста на податоците на локацијата може да влијае прилагодувањето на GPS

сателитите кое го прави Владата на Соединетите Држави и е предмет на промена

со политиката за цивилен GPS на Министерството за Одбрана на Соединетите

Држави и Федералниот Радионавигационен План. На точноста исто така може да

влијае и слабата геометрија на сателитите. На достапноста и квалитетот на GPS

сигналите може да влијае и Вашата околина, згради, природни пречки како и

временските услови. GPS приемникот треба да се користи само надвор за да

овозможи прием на GPS сигналите.
Било кој GPS систем не треба да се користи за прецизни мерења на локации, и не

треба никогаш да се потпирате единствено на податоците за локацијата од GPS

приемникот и на мобилните радио мрежи за позиционирање или навигација.