Nokia 7610 Supernova - Пристапни шифри

background image

Пристапни шифри

За да поставите како вашиот телефон ги користи пристапните шифри и

безбедносните поставки, изберете Мени > Прилагодувања > Безбедност >

Пристапни кодови.
● Шифрата PIN (UPIN), испорачана со SIM (USIM) картичката, помага да се заштити

картичката од неовластена употреба.

● Шифрата PIN2 (UPIN2), испорачана со некои SIM (USIM) картички, е потребна за

пристап до одредени услуги.

● Шифрите PUK (UPUK) и PUK2 (UPUK2) можат да бидат добиени со SIM (USIM)

картичката. Ако три пати по ред погрешно ја внесете PIN шифрата, запрашани

сте за PUK шифрата. Ако не сте ги добиле шифрите, контактирајте со вашиот

добавувач на услуги.

● Безбедносната шифра помага во заштитата на вашиот телефон од неовластена

употреба. Можете да ја креирате и смените шифрата и да го поставите

телефонот да ја бара шифрата. Шифрата чувајте ја на тајно и сигурно место,

одделно од вашиот телефон. Ако ја заборавите шифрата и вашиот телефон е

заклучен, на вашиот телефон ќе му треба сервис и може да се применат додатни

трошоци. За повеќе информации, контактирајте со Nokia Care сервис или со

продавачот на вашиот телефон.

● Лозинката за забрана на повик е потребна кога се користи услуга за забрана на

повик за да ги ограничите повиците кон и од вашиот телефон (мрежна услуга).

● За да ги видите или измените поставките на безбедносниот модул за веб

прелистувачот, изберете Мени > Прилагодувања > Безбедност > Прил. на

мод. за без..