
Функции без SIM картичка
Некои функции од вашиот телефон можат да се користат без вметнување на SIM
картичката, како функциите од организаторот и игрите. Некои функции се
појавуваат затемнети во менијата и не можат да се користат.
3. Повици
Упатување повик
Можете да започнете повик на неколку начини:
● Внесете го телефонскиот број, вклучувајќи го и повикувачкиот број и
притиснете го копчето за повик.
За меѓународни повици, притиснете * два пати за меѓународниот префикс
(знакот + го заменува меѓународниот пристапен код), внесете го кодот на
државата, повикувачкиот број на местото по потреба без почетната 0 и
телефонскиот број.
● За пристап до листата на бирани броеви, притиснете го еднаш копчето за повик
во режим на чекање. Изберете број или име и притиснете го копчето за повик.