Движење низ менијата
Телефонот Ви нуди продолжен опсег на функции кои се групирани во мениа.
1. За да пристапите во менито, одберете Мени.
2. Скролувајте низ менито, и одберете некоја опција (на пример,
Прилагодувања).
3. Ако одбраното мени содржи дополнителни подменија, одберете едно (на
пример, Повик).
4. Ако одбраното мени содржи дополнителни подменија, повторете го чекор 3.
5. Одберете го прилагодувањето по Ваш избор.
6. За да се вратите на претходното ниво на мени, одберете Назад.
За да излезете од менито, одберете Излез.
За да го промените изгледот на менито, одберете Опции > Изг. на гла.мени >
Листа, Скалесто, Скале. со ознаки, или Таб.
За да го реорганизирате менито, скролувајте во менито кое треба да се промени,
и одберете Опции > Организирај > Премес.. Скролувајте каде сакате да го
преместите менито, и одберете OK. За да ја зачувате промената, одберете
Заврши > Да.