
Дневник на повици
© 2008 Nokia. Сите права се задржани.
31

За да го прифатите или отфрлите барањето за положба, изберете Прифати или
Одбиј. Ако го пропуштите барањето, телефонот автоматски го прифаќа или
отфрла, според тоа што сте договориле со вашиот мрежен оператор или добавувач
на услуги.
За да ги видите информациите за последните 10 известувања и барања за
приватност, изберете Мени > Дневник > Позиционирање > Дневник за
позиција.
9. Поврзаност
Вашиот телефон обезбедува неколку одлики за да го поврзете со други уреди за
да емитува и прима податоци.
Bluetooth безжична технологија
Bluetooth технологијата ви дозволува да го поврзете вашиот телефон користејќи
радио бранови, со компатибилен Bluetooth уред во опсег од 10 метри (32 стапки).
Овој уред е во согласност со Bluetooth спецификацијата 2.0 + EDR што ги поддржува
следниве профили: 2.0 + EDR општ пристап, мрежен пристап, смена на општ објект,
напредна аудио дистрибуција, апликација за пронаоѓање услуга, пристап на
именик, далечинска аудио видео контрола, хендсфри, слушалки, туркање објект,
пренос на датотеки, dial-up вмрежување, SIM пристап и сериски порт. За да
осигурате интеропратибилност помеѓу другите уреди што поддржуваат Bluetooth
технологија, користете додатоци за овој модел што се одобрени од Nokia.
Проверете со производителите на другите уреди за да ја утврдите нивната
компатибилност со овој уред.
Функциите кои што користат Bluetooth технологија ја зголемуваат побарувачката
на енергија од батеријата и го намалуваат животниот век на батеријата.
Поставување Bluetooth врска
Изберете Мени > Прилагодувања > Конектив. > Bluetooth и преземете ги
следниве чекори:
1. Изберете Име на мојот телеф. и внесете име за вашиот телефон.
2. За да активирате Bluetooth поврзаност изберете Bluetooth > Вклучи.
покажува дека Bluetooth е активиран.
3. За да го поврзете вашиот телефон со аудио додаток, изберете Барај аудио
додат. и уредот што сакате да го поврзете.
4. За да го спарите вашиот телефон со било кој Bluetooth уред во опсегот, изберете
Спарени уреди > Додај нов уред.
Дојдете до најдениот уред и изберете Додај.
Внесете лозинка (до 16 знаци) на вашиот телефон и дозволете ја врската на
другиот Bluetooth уред.